Сервис


   Сингер Шеро Скопје има свој овластен сервис предводен од професионалци. Првата дејност на нашата компанија, уште од 1980 година, е сервисот и токму поради тоа за нас сервисот е столб на работењето. 

   Битен аспект од оваа гранка се тековните информации. Имено, во свет во кој работите и технологијата се менуваат толку брзо, битно е да бидеме во тек со новите производи и проблемите кои имаат потенцијал да се појават. Нашиот тим ова го достигнува преку редовни обуки и тренинзи кои се организирани од страна на самите производители или пак од нашите лидери.

Тренинг програмите најчесто се одржуваат во Кина, Германија и Полска.

Нашиот сервис врши поправка на сите видови на машини за шиење и е обезбеден со резервни делови за голем дел од машините на пазарот.